Едноставна и ефикасна рутина за нега на пределот околу очите

18/02/2025

Sofija Jordev

Едноставна и ефикасна рутина за нега на пределот околу очите

Со 3 лесни чекори за намалување на отокот, лифтинг, длабока хидратација и смирување на пределот околу очите

За очите и погледот се испеани многу рими, искажани се многу длабоки мисли и филозофии, составени се многу изреки и метафори и направени се многу романтични гестови.  Што и да мислите за фразите во стилот на „очите се огледало на душата“ и дали сме, на пример, во романтична или цинична фаза од животот, неспорните факти остануваат - 1. очите и областа околу очите го оцртуваат нашето секојдневие; 2. гледаме задоволство и тага во нашите очи; 3. во очите (читај: под нив) се гледа добра ноќна забава и бројот на испиени коктели! и, конечно, 4. областа околу очите покажува недостаток на хидратација и соодветна грижа.

Кожата околу очите е една од најтенките и најделикатните области на нашето лице и бара посветена и засилена рутина за нега.

Сигурно сите се согласуваме дека е важно да знаете како правилно да се грижите за пределот околу очите со хидратантни производи како што се eye patches, серуми и креми за очи.

Сите ние кои се уште немаме најдено одговори на сите прашања за нега на пределот околу очите и кои припаѓаме на т.н. Skin Tok публика која гледала илјадници видеа и објави на Инстаграм кои нè советуваат што и како да правиме, сигурно се согласуваме во уште неколку работи - сакаме производи кои се лесни за употреба, кои добро „се однесуваат“ под шминката и кои ќе ни помогнат да ја одржиме нашата кожа што е можно поздрава.

Накратко, негата на кожата не мора да биде тешка! За да го докажеме ова, подолу ви претставуваме три брзи чекори за рутина за убавина која е едноставна исто колку што е и ефикасна.

Како да развиете рутина за нега на кожата на очите

Кожата околу очите е тенка и нежна. Има помалку лојни жлезди, помалку колаген и послаба циркулација во споредба со другите делови од телото, што ја прави склона кон сувост, опуштеност и брчки. Затоа, секој чекор во нејзината грижа (да го кажеме тоа малу подраматично) е судбоносен!

Чекор 1 Исчистете ја темелно кожата

Пред да нанесете производи на пределот околу очите, кожата мора да биде беспрекорно чиста за да бидат ефикасни понатамошните чекори за нега. Чекај! Дали ја симнавте шминката? Ова е всушност чекор пред првиот чекор: L'ADRIA Мелемот за чистење на лицето се користи за отстранување на водоотпорната шминка и сите други нечистотии. Тоа го прави многу нежно со помош на магична текстура која преминува од мелем во масло, а потоа од масло во хидратантно млеко. Отстранување на шминката со L'ADRIA мелемот за чистење на лицето е едно од оние искуства што е тешко да се опише со зборови. Всушност, доволен е само еден збор: магично!

Овој производ е одличен избор за сите типови кожа бидејќи не ја суши, длабински ја чисти и целосно се плакне без да остава чувство на маснотија.

И, еве сме, сè уште на чекор 1, бидејќи сега е вистинското време за L'ADRIA кремастиот гел за нежно чистење на лицето. Ставете мала количина од гелот на дланката, лесно направете пена и измијте го лицето со нежни движења. Препорачливо е да користите што е можно поладна вода кога ќе го исплакнете L'ADRIA кремастиот гел за дополнително да ја стимулирате циркулацијата и да го подготвите пределот околу очите за клучниот чекор на нега.

Чекор 2 Нега со иновативните L'ADRIA Eye patches

Оние кои го пробале знаат дека L'ADRIA Eye patches се суперхерои за чувствителната област околу очите. Gel- perničiwata натопени во серум се задолжителни за модерниот начин на живот.

Додека кремите околу очите обезбедуваат севкупна нега, овој производ обезбедува насочен третман за пределот околу очите. Ако целта Ви е да се намали отокот, да се постигне лифтинг ефект, длабинска хидратација, смирување на кожата со пријатно чувство на свежина, тогаш L'ADRIA Eye patches - биоразградливи гел-перничиња за пределот околу очите базирани на гел од морски алги натопени во хидрирачки, ревитализирачки серум - се одлично решение. Преполни со моќни состојки, тие се концентрираат на хидратацијата, зацврстувањето, осветлување и намалување на отокот. Се користат во секое време од денот. Може да се нанесуваат наутро по чистењето и пред нанесувањето другите производи за да им дадат моментален сјај на очите, а навечер – како дел од вашата рутина за релаксација по долгиот напорен ден.

Важно е секогаш да ги нанесувате L'ADRIA Eye patches на сува и совршено чиста кожа!

Чекор 3 Длабока хранлива морска крема за очи

По употребата на L'ADRIA гел- перничињата, идеално е да продолжите со рутината со нанесување на L'ADRIA кремата за очи за да се заглави влагата, дополнително да се хидрира пределот околу очите и да се постигне одморен и мазен изглед со помалку видливи брчки. Ова е клучниот момент на рутината: Гел-перничиња за очи и потоа крема!

Нежно нанесете ја оваа кадифена кремаста текстура, избегнувајќи директен контакт со очите. Еден начините да ја нанесете кремата е да ставите мала количина на прстот и нежно да го натапкате производот под очите за да избегнете несакано затегнување на кожата. Не заборавајте да и дадете време на кремата да се впие во вашата кожа.

Мал лексикон за пределот околу очите:

- Кремите за очи често се погусти и побогати со активни состојки од кремите за лице.

- Гел-перничињата за очи обично се направени од хидрогел и се натопени во серум. Тие се преполни со состојки кои делуваат на пределот под очите, отстранувајќи ја отеченоста и ја хидрираат кожата.

- Маслиновиот сквалан помага при обновувањето на бариерата на кожата за долготрајно чувство на хидратација и удобност

- Кофеинот и јадранските алги смируваат, хидрираат и го намалуваат отокот и видливоста на брчките, обезбедувајќи мазен и одморен изглед