Сува кожа
Што е сува кожа?
Сувата кожа е КОЖА СКЛОНА КОН СУВОСТ, ЦРВЕНИЛО и појава на фини линии, бидејќи природно произведува помалку себум.
Како да препознаете сува кожа?
Сувата кожа нема видливи пори, природно е сува на допир и изгледа сиво и безживотно. Има и чувство на затегнатост, а брчките обично почнуваат да се појавуваат побрзо отколку кај другите типови кожа.
На неа и прилега шминка со кремасти и сјајни текстури, која има долга издржливост. Важно е да се напомене дека природно сувата кожа се разликува од дехидрираната кожа, која ги погодува сите типови на кожа.
Што предизвикува сува кожа?
Сувата кожа најчесто е предизвикана од генетика, но може да биде предизвикана и од хормонални промени.
Кои се придобивките од сувата кожа?
Овој тип на кожа добро функционира веќе со КВАЛИТЕТЕН хранлив крем, изгледа природно мазно и совршено толерира разни производи против стареење.
Како да се грижите за сува кожа?
- Користете нежно средство за чистење лице, но САМО во вашата ноќна рутина.
- Не прескокнувајте нанесување на богата хранлива крема, дури и после туширање.
- Користете овлажнител кога останувате во затворен простор долго време.
- Не двоумете се да користите пилинг за лице, туку правете го тоа само повремено и само со благи производи.
- Вклучете го маслото во вашата ноќна рутина, што ќе ви помогне да ја одржите мекоста и сјајот на вашата кожа.
