11/07/2024

Секогаш мијте го лицето пред спиење
Одењето во кревет со чиста кожа е клучен чекор во негата на кожата. Во текот на ноќта, нашата кожа, исто како и остатокот од нашето тело, одмара и се обновува, а овој процес ќе функционира многу подобро ако ги исчистиме порите од шминка и други нечистотии и на кожата и ја обезбедиме потребната нега.
За да ја направите вашата вечерна рутина што е можно поефикасна, можете да ја збогатите со серум кој дополнително ќе се погрижи да и обезбеди на вашата кожа токму она што и е потребно.
Доколку имате мрсна или комбинирана кожа склона кон неправилности, L’ADRIA Clarifying serum длабински ќе ги исчисти вашите пори и ќе ја намали појавата на неправилности.
Од друга страна, зрелата кожа со првите знаци на стареење може да го избере L’ADRIA Rejuvenating oil - масло со бакучиол, растителен аналог на ретинол, кој помага да ја задржите вашата кожа младешка.
Не занемарувајте ја хидратацијата
Хидратацијата е клучна за здравјето на секој тип на кожа, а ние можеме да ја хидрираме кожата и внатре и надвор - по можност и двете!
За да ја хидрирате кожата одвнатре, погрижете се да пиете 8 чаши незасладена течност - вода или чај секој ден. Ќе забележите поголема осветленост и сјај на вашата кожа!
За да ја хидрирате кожата однадвор, клучно е да изберете серум кој ќе донесе влажност до самите клетки на кожата, не само до нејзините површински слоеви. L’ADRIA Instant Revitalizing serum го прави токму тоа - со својата осмолитичка технологија внесува влажност до самите клетки на кожата и и дава на вашата кожа моментална свежина и помала видливост на брчките!
Заштитете ја вашата кожа од сонцето
Иако сонцето е извор на животот, мораме да запомниме дека тоа предизвикува и оштетување на кожата - дури 80% од знаците на стареење се предизвикани од сончевите зраци!
Кога сте изложени на сонце, нанесете производ со заштитен фактор 30 или поголем, со широк спектар на заштита, на сите изложени делови од телото. Ова особено важи за лицето кое е изложено на надворешни влијанија во текот на целата година.
Исто така, важно е да ја заштитите кожата од сонце дури и ако е облачно. Имено, облаците успешно ќе ги блокираат UVB зраците, зраците кои предизвикуваат изгореници, но нема да ги блокираат UBA зраците кои предизвикуваат стареење на кожата.